ДУИ работи за да ги подели Албанците. Ѝ наредувам да не го прави тоа! Ние ќе соработуваме со таа политичка партија која ќе ги прифати нашите барања, вели лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во емисијата „Утрински брифинг“ за „Слободен печат“.
-Јас треба да се однесувам одговорно како политичар. Во моментот кога излегуваш на гласање и земаш гласови и се легитимира некоја програма и политичка платформа, јас не сум веќе Зијадин Села туку програмата и платформата која е избрана од гласачите. Од тој контекст, ние ќе соработуваме со таа политичка партија која ќе ја прифати нашата програма и политичка платформа, вели Села.
Според него, време е да се разбие монизмот од 18-годишното владеење на ДУИ и во преден план да се стават интересите на граѓаните, средувањето на правната држава и да се избориме со криминалот.
Тој вели, не верува во реформа на судството со ДУИ внатре и оти требало порано да има предвремени избори. Битката со криминалот смета дека треба да се води преку „чистка на правосудниот систем“. Ако не одговараат тие што ги давале наредбите, што ја злоупотребиле власта, што монтирале случаи, додава, ќе остане неправдата која ги прави гласачите апатични, што во најлош случај може да доведе до губење на желбата да излезат да гласаат.
Од АА, нагласува се заинтересирани за предизборна коалиција со Алтернатива и движењето БЕСА.
– Досега сме имале две средби со Касами и две средби со Гаши. Не сум сигурен дека сами нема да ја победиме ДУИ, внатрешните анкети кои ги правиме само кај албанското гласачко тело, покажуваат дека малку водиме пред нив. Сепак, сакам да ја бетонирам победата. Граѓаните се разочарани од ова статус кво што е и една од причините зошто младите бегаат, изјави лидерот на Алијансата на Албанцит Зијадин Села.
Comments are closed for this post.