Седум наспрема еден. Ова е соодносот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на еден мeсец пред Локалните избори во Македонија. Резултатите прозилегуваат од Институтот за политички истражувања Скопје, кој за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори за случувањата во земјава и за рејтингот на политичарите и политичките партии.
На прашањето, Која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори, 42.6% од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори.
25.3% од испитаниците одговориле дека не знаат, или пак воопшто не се определени. За СДСМ позитивно одговориле 7.9%, па следи Левица со 7.8%, независни листи со 3.8%, ЗНАМ со 3.7%. 5.8% од испитаниците не сакале да кажат, додека пак за ниедна партија се изјасниле 2.0%. 1.0% од испитаниците одговориле со друга опција, која не е во горенаведените.
Додека пак, на прашањето за која политичка опција испитаниците сметаат дека најдобро би се справила со проблемите во нивните општини, ВМРО-ДПМНЕ има водство од 40.1%.
22.1% од испитаниците одговориле дека не знаат или немаат одговор , па следи политичката партија Левица со 9.0%, СДСМ со 8.4%. 5.0% од испитаниците не сакале да кажат, додека пак исто толку одговориле дека ќе гласаат за независната листа. 4.6% од испитаниците одговориле дека ниедна политичка опција не би се справила со проблемите во вашата општина, додека пак за ЗНАМ се изјасниле 4.1%, додека пак 1.7% одговориле дека ќе изберат друга политичка опција.
Во телефонската анкета за Град Скопје спроведена во септември 2025 подготвена од ИПИС за потребите на МРТ во која учествувале 1017 испитаници со маргина на грешка +/- 3 %.
Comments are closed for this post.