Се утврдува датумот за втората средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, ерхеолошки и образовни прашања, вели за Пресинг Тв, првит човек на македонскиот дел од комитетот, Виктор Габер.
По првата средба, што беше одржана во Солун и на која беше утврдена методологијата на работата, втората беше закажана за крајот на јануари, но се уште е неизвесно дали таа ќе се одржи до крајот на овој или почетокот на идниот месец. Веројатно тоа ќе зависи од развојот на настаните во грчкиот парламент.
На втората средба ќе почне и суштинската расправа, а и ние како комисија, нормално, веќе имаме подготвено свои забелешки за содржината на грчките учебнци, ни изјави Габер.
Comments are closed for this post.