Се подготвува ли терен за одложување на изборите?. Ваков впечаток се создаде од изјавата на премиерот Зоран Заев кој одоварајќи му на пратеникот Антонио Милошоски за тоа дали е во ред да се поставуваат амбасадори пред избори, му одговори дека „нова влада нема да има ни во април, ни во мај, ни во јуни“.
Ова отвора дилема дали Заев повторно ќе се обиде да ги одложи изборите како што тоа на двапати додека беше лидер на опозицијата, или пак е убеден дека ќе ги добие изборите и ќе остане на власт.
Во политичките кругови се шпекулира дека овој пат причина за одложување на изборите ќе биде протоколот за членство во НАТО кој треба да биде ратификуван и од нашиот Парламент откако ќе помине во сите земји-членки на Алијансата. Претседателот Џафери веќе најави дека Собранието ќе се распушти на 11 февруари, на 60 дена пред изборите кои треба да се одржат на 12 април.
Џафери е дециден дека откако Собранието ќе се распушти нема законска можност повторно да го свика па дури и за ратификација на таков важен документ и оти тоа ќе биде оставено за следниот парламентарен состав.
Доколку се оди по планот што го договорија партиите на лидерската средба, техничката влада и повлекувањето на Заев треба да се случи на 3 јануари.
Comments are closed for this post.