Со 80 пратеници „За“ пратениците денеска изгласаа формирање на ново Министерство за политички систем. Ова Министерство е замена за Генералниот секретаријат за спроведување на Рамковниот договор кој досега го раководеше Хазби Лика, кадар на ДУИ.
На иницијативата за формирање ново министерство беа потпишани пратениците Јован Митрески од СДСМ, Артан Груби, Џеват Адеми, Реџаиљ Исмаили и Ејуп Алими од ДУИ, Панчо Минов, независен од ГРОМ и Зеќир Рамчиловиќ од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.
Беше потребно да се променат два закона Законот за Владата и Законот за организација и работа на органите на државната управа.
Со ова министерство Македонија ќе биде меѓу рекордните по бројот на министри, 27. Од земјите во регионот, српска влада брои 22 министри, бугарската 22, Хрватска 20.
Comments are closed for this post.