Се докажува дека антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Мицкоски ја имаат истата криминална матрица на нивниот ментор Груевски, затоа се против НАТО и ЕУ. Спрегата помеѓу криминалите на Никола Груевски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антинародниот пион Христијан Хидро Мицкоски излегоа на виделина, велат од СДСМ.
Во денешното партиско соопштение од Бихаќка стои:
Пионот Мицкоски, преку неговата „Енерготек ДОО Скопје“ добил согласност за користење вода и државно земјиште за изградба на хидроцентрали од Владата на Груевски. Во шемите преку оваа компанија е вклучен и Димитар Димовски, актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и десна рака на некогашниот министер за транпорт и врски Миле Јанакиески.
Од СДСМ тврдат дека Димитар Димовски поседува земјиште во Берово од над 14 илјади квадратни метри, а негов прв сосед дека е токму Миле Јаниакиески кој има парцела од над 16 илјади квадратни метри.
Двете парцели, од вкупно над 30 илјади квадратни метри порано биле сопственот на Република Македонија. Молкот од ВМРО-ДПМНЕ не може да ги сокрие врските на актуелното антизападно раководство предводено од Хидро Мицкоски со Никола Груевски и неговиот соработник Јанакиески, обвинуваат од СДСМ.
Според СДСМ во ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени и затоа тоа отворено работи против интеграција во ЕУ и НАТО.
Comments are closed for this post.