Јавноста многу добро знае дека ВМРО-ДПМНЕ е симбол на злоупотреби на институциите и на системско прекршување на човековите права преку масовното нелегално прислушување, возвратија од СДСМ, на денешната прес-конференција од Димче Арсовски. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ побара опставки од премиерот и министерот за внатрешни работи за скандалот со прислушувањето на судиите и иобвинителите.
Новите признанија во процесот за 27 април покажуваат како кадрите на ВМРО-ДПМНЕ управувале со безбедносните служби и како ги злоупотребувале во лични и партиски цели. Таквата криминална и антидржавна матрица во ВМРО-ДПМНЕ е присутна и денес. Токму поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кој неколку обвинети лица го посочија како еден од организаторите на насилствата од 27 април, денес, според информации во медиумите е советник на Мицкоски, стои во реакцијата од СДСМ.
Од таму додаваат дека е започнатата истрага од надлежните институции ќе открие, кој ја нарачал, поставил и дали ја користел опремата за прислушување во Јавното обвинителство, инсталирана уште во 2013 година.
Сите за кои ќе се докаже дека биле вмешани во овој случај ќе одговараат за нивните постапки, велат од Бихаќка.
Comments are closed for this post.