Судењето за пожарот во Кочани започнa. Осум месеци по трагедијата, обвинетите седнуваат во судница. Македонци, Албанци, Роми, но тоа е најмалку битно. Меѓу нив има и неколкумина поранешни министри од ДУИ. Можам само да претпоставам што ќе се случи ако тие бидат осудени. Што ќе прават тогаш оние борцине за човекови права од ДУИ?прашува авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Ќе организираат протест на плоштадот Скендербег дека во оваа земја не смее да им се суди на Албанци Се за демократијата и соживотот. Не е само ДУИ што тера политика од оваа трагедија. Тука е и нивниот коалициски партнер СДСМ. Еве Филипче најави собраниска анкетна комисија за Кочани. Не за џабе се вели дека ако сакаш нешто да скриеш формирај комисија. На случајот со пожарот не му е место во Собрание туку во судница.
Обвинението ќе го застапуваат дури 15 обвинители за да не се случи некој обвинител случајно да му се слоши или да снеможе па судењето да се одоловлекува до недолгед. судијката Диана Груевска Илиевска ќе има шанса да дожаже дека не се сите со два посто доверба.

Она што е поважно е дали ние како држава ја научивме лекцијата за недај боже да не ни случи ново Кочани. Дали нашите болници се поподготвени да примат толкав број повредени одеднаш, дали ноќните клубови и дискотеки сега ги исполнуваат сите услови, работат со легални лиценци или децата и натаму ќе се собираат во шупи и подруми а родителите да не спијат по цели ноќи дали ќе се вратат живи и здрави.
Затоа е важно, оние за кои ќе се докаже вина да ја добијат заслужената казна. 16 март беше еден од најтажните денови во поновата македонска историја. Ова судење ќе трае можеби со години, но како се вели правдата е спора но достижна. Тоа им го должиме на настраданите и на нивните семејства.

ВО СДСМ се зрели за дијагноза. Џабе Филипче е доктор кога кога не може да ја постави дијагнозата на Бихачка. Никој не се сака да му биде во партиските тела како недај боже да е лепрозен. Еве Венко на тој што го доживеа најголемиот пораз на локалните избори во Општина Аеродром го награди со потпретседателско место во партијата. Знаете ли кој е првиот услов да напредуваш во СДСМ. Условот е да се пловишна јахтата на Заев во Грција и да уживаш за сите пари. Јака препорака, нема што. Двајца доктори пациентот, клинички мртов. СДСМ може да си го смени името во Партијата од Јахтата
Две недели по локалните избори се стега обрачот околу поранешната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска. Поднесена е пријава за нејзниот пријател Блерим Беџети. Е тој Блерим кој вели дека ова е напад на ДУИ е осомничен за фалсификување на деловни книги и дека за катастарска парцела за која нема детален урбанитички план изготвиле одобрание за градба. Е што, за во Сарај ли треба детален урбанитички план.

Данела многу сака да кажува за рачиња во мед. За ова рачињата во што се брцнати,, во Треска и во Вардар сигурно не?
Туку слушам, опозицијата ќе го гушкала ѓубрето низ Скопје како некогаш што го гушкаа ГТЦ? Власт немам-ѓубре не давам. Данела и компанија не ги даваат контејнерите, ако треба ќе го исфрлаат сметот и после 22 часот. За инат, за валкано Скопје.
Европската унија како со сила да се труди уште повеќе да се намалува поддршката кај Македонците за Европската унија. Само ние и Србија не сме стагнирале а сите околу нас напредувале, дури и Украина која е во војна а Молдавија која е за греоста. Тоа се тие европски стандарди.

Ете ни дојде и германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул за да не убедува колку е добро да ги ставиме Бугарите во Устав. Еве ако е толку добро нека ги стави тој Турците во германскиот устав.Тие во Германија се неколку милиони а Бугари во Македонија има две-три илјади, воглавно Бугари по професија не по национално убедување. Што ќе се случи ако ги внесеме Бугарите во Устав уште отсега ни покажуваат здруженија, медиуми, Фејсбук страници, финансирани од Бугарија. Пропаганда пуштена на најако. Ете најновата провокација е дека ќе делеле маици „Бугарија“ во средни училишта низ Скопје. Не знам што ќе прават со маиците, ќе ги користат за бришење прашина или пак за спиење ќе се најдат. Пред извесно време пак делеа ресивери за гледање бугарски телевизии. Фали уште да не натераат да ја славиме Санстефанска Бугарија. СДСМ и тоа би го прифатиле. Каде бе со овие евтини бугарски финти. Не ви е сега Заев на власт.
Ефектот Цеца си го направи своето. Откако Ражнатовиќ го развиори бугарското знаме среде Велес, пејачите од Србија како да се натпреваруваат кој ќе биде поголем Македонец. По Теа Таировиќ која во „Борис Трајковски“ се нагрна со македонското знаме, Аца Лукас отиде најдалеку. Тој на настап во Швајцарија изведе „Јовано Јованке“ со нашето знаме на грбот.

Се за пари, се претера и со македонштината.







Comments are closed for this post.