Неспособниот Христијан Мицкоски нема план, нема идеја, нема визија за општеството и напредокот на државата па поднесува неосновани интерпелации.
Ова стои во реакцијата од СДСМ која стигна по информацијата дека ВМРО-ДПМНЕ поднесува интерпелација за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Мицкоски покажува дека е недостоен за граѓаните и за Македонија, преку неосновани барања за интерпелација се обидува да го закочи реформскиот процес, да ги забави процесите кои Македонија ја носат во ЕУ и НАТО. Времето кога полицијата беше злоупотребувана во партиски цели, кога цветаше криминалот, кога се криеја убиства, а МВР беше претворена во МВРО-ВМРО, заврши со заминувањето на антинародното ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, се додава во реакцијата од СДСМ.
Од владејачката партија додаваат дека истовремено, сериозно се инвестира во подобрување на условите за работа на вработените во полицијата, за прв пат во толкав обем се реновираат полициските станици, се набавуваат нови униформи, чизми и опрема за работа, а од наредната година следува и зголемување на платите од 5 отсто.
Стапката на криминал се намалува, надлежните институции ефикасно и неселективно постапуваат по секое прекршување на законите. Граѓаните се сигурни и безбедни. Тоа го потврдуваат и испитувањата на јавното мислење. Согласно истражувањата на ОБСЕ, 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедни. Неоснованите интерпелации на Мицкоски нема да го запрат напредокот на Македонија кон ЕУ и НАТО, реагираат од Бихаќка.
Comments are closed for this post.