Социјалдемократсклиот сојуз како одговор на критиките на опозицијата претпладнево излезе со студија дека е намален бројот на загадени денови во Скопје во 2018-та, во однос на лани и 2016-та, но тука не се земени во предвид деновите од месец декември кој допрва треба да измине.
Според СДСМ, во периодот од први јануари до 30 ноември 2018 година, регистрирани се 88 загадени денови, додека во 2016 и 2017 бројот на загадени денови бил 99.
Владата предводена од СДСМ, заедно со сите надлежни институции активно работи на надминување на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето. Првите подобрувања се видливи и охрабрувачки. Како што јавно обелодени Министерството за животна средина и просторно планирање, во 2018 година постои намалување на бројот на деновите со надмината дозволена загаденост од 50 микрограми, споредено со 2016 и 2017 година“, се вели во соопштението на СДСМ.
По мернис таници, во Тетово во 2016 година имало 273 загадени денови, во 2017 115, а во оваа 2018 година бројот на загадени денови изнесува 105 денови. Во Битола, на првата мерна станица, минатата година имало 105 загадени денови, а годинава 65.
Намалување на деновите на загадување има и во другите населени места, како Карпош, Центар и др. Ова се охрабрувачки резултати кои даваат мотивација“, додава владејачката партија.
Comments are closed for this post.