Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има, во недостаток на реални проекти СДС и ДУИ се како расипана грамофонска плоча со уставните измени.6 ипол години нема ниту еден поголем проект. 6 ипол години Македонија само тоне во сиромаштија, половина милион луѓе живеат со по 150 денари на ден, а власта која не нуди иднина, влегува од национална отстапка во национална отстапка, повторуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дециден и тој нема да се промени, уставни измени нема да има. СДС и ДУИ зборуваа за хрватски устав, кога рековме истиот како модел да се преслика, тие ретерираа, се виде колку се европејци. На виделина излегоа сите лаги и клевети, се виде која е целта.Уставни измени не може да се носат без консензус на македонскиот народ, консензус нема.
Comments are closed for this post.