МВР ќе покрене постапка за случајот со снимката на која наводно се слуша гласот на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, во која машко лице се расправа и физички се пресметува со друго лице.
Реакции веќе пристигнаа од партиите, а обвинителството нема отворено предмет.
Од партијата СДСМ го осудија насилството и побараа одговорност доколку тоа се докаже.
Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста. Моралните аспекти и личната совест, како и човечкиот интегритет се вредости кои подразбираат и одговорно однесување и делување. Одговорност мора да има, законите важат за сите подеднакво“, велат од СДСМ.
Од опозицијата го нападнаа премиерот Зоран Заев и го нарекоа поддржувач на насилство.
Самиот Курто Дудуш претходно за порталот Фокус демантираше дека тој е на снимката и дека воопшто малтретирал човек, велејќи дека снимката е монтирана од политички причини.
Comments are closed for this post.