Судот ќе одлучи дали поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков ќе излезе од притвор. Тој добил позитивно мислење од Обвинителството за гонење на Организиран криминал и корупција на барањето за излегување од притвор, пренесува Телма.
Адвокатите на Мијалков тврдат дека со барањето за ослободување е поднесена гаранција во недвижности со вредност од над 7 милиони евра. Кауцијата ќе биде запленета од државата доколку Мијалков избега.
Comments are closed for this post.