Нова година е време на песна и музика.Нашиот народ пее и кога се радува и кога тагува, и кога е среќен и кога му е тешко.Секоја песна си носи скриена порака, па затоа „Пресинг ТВ“ ги праша партиите и неколку лидери со која песна ќе им ја честитаат Новата година на политичките противници.
По сѐ изледа предновогодишното расположение си го направи своето па партиите без навистина инвентивни во изборот на нумера.
„Број 152, имаш посета“.Вака почнува песната „Опинок“ на групата Студени нозе која координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски ја „нарача“ за своите колеги од СДСМ.
Останува да видиме за кого по изборите ќе биде „клизаво право до Идризово“.
Лидерот на Левица Димитар Апасиев пак беше патриотски настроен па на своите противници им ја посвети една од најдобрите македонски песни „Во борба, во борба македонски народе“.
Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите пак со позната македонска народна песна „Лажи лажи Вере’“ како да им порачува на противниците да намалат со лагите пред изборите.
Во свој стил порака има и лидерот на новото движење ЗНАМ–Максим Димитриевски кој ја посвети песната со која израснаа многу генерации „Во светот на бајките“. Кој во светот на бајките чудесно тајно верува ќе дознаеме по изборите.
ЛДП за Новата година се сети на песната „За овој свет“ на Тоше Проески со порака дека сите треба да се бориме за подобар и поубав свет и дека децата треба да бидат на бидат на прво место.
Дека во Македонија мора нешто да се менува порача лидерот на Демократското движење Изет Меџити со песната „Ветер на промени“ од германската група Шкорпионс.
Оваа песна е напишана на почетокот на деведесеттите години од минатиот век непосредно пред распадот на Советскиот сојуз. Дали ветерот на промени по мај ќе дојде во Македонија останува да видиме, или можеби сѐ уште ќе живееме во светот на бајките?
„Република“ ги побара СДСМ и претседателот Пендаровски да испратат песна, но одговор не добивме.Знаејќи каков е нивиот рејтинг ги разбираме, можеби не им е до песна.
Comments are closed for this post.