Лошата економска состојба во државата и во светот уште повеќе ја влошува состојбата кај ромското население.Најголем дел од ромската заедница е невработена и без здравствено осигурување посочува Шабан Салиу, лидер на Демократските сили на Ромите.
Ромската заедница е оставена сама на себе-констатира Салиу во интервјуто за „Република“.
Тој вели дека грижата за Ромите е само на хартија и дека и покрај неколку донесени стратешки документи во пракса многу малку е направено.
Салиу посочува дека според последниот попис бројот на Ромите во Македонија се намалува па така од 53.789 2002 година сега на хартија се 46.000.
Со ова е направен силен егзодус и бројката е намалена наместо според очекувањата да биде околу 80.000.Беше направен политички попис за потребите на некои други на штета на ромската заедница.Вака излегува дека 20 години не се родило ниту едно ромско бебе а наталитетот кај ромската заедница е висок. Излегува дека само Роми умираат а никој не се родил-посочува Салиу за „Република“.
Салиу нема дилеми дека неговата партија ќе остане во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и се сметаат за најголем коалициски партнер од помалите партии.
Салиу цврсто го поддржува ВМРО-ДПМНЕ против уставните измени, не толку против влезот на Бугарите туку на начинот на кој се прави.
Ова е на штета на македонскиот народ.Јас сум по националност Македонец, живеам во Македонија, ја сакам мојата држава и сочуствувам со загубите на Македонците по нивниот идентитет.Проблемот на Македонците во Македонија или на Албанците и на Ромите заеднички и треба да се браниме од било кое зло.
Comments are closed for this post.