Обезбедените видеа и аудио-атеријали се само за овој случај што го отворивме сега, за овие двајца осомничени. А понатаму во истрагата дали ќе се појават докази за обвинители, за политичари, за луѓе од јавниот живот ќе видиме, вели јавната обвинителка Вилма Русковска во интервју за Телевизијата 24, пренесе МИА. Таа додава и дека инволвираноста на јавен обвинител во овој случај, сега засега не може да се докаже.
– Доколку се појават цврсти докази сигурно дека истрагата ќе биде проширена, но сега навистина не можам да шпекулирам и било несериозно од мене како обвинител да кажам во која насока може да не одведе истрагата, вели Рускоска.
На прашање дали не е исклучена можноста истрагата да се прошири не само на политичари, туку и на обвинители зависно од тоа што ќе се открие, Русковска одговара потврдно додавајќи дека „апсолутно не е исклучена можноста, но тоа е само можност“.
Рускоска во интервјуто вели дека кај второосомничениот е пронајдена поголема количина оружје и ќе се истражува дали го поседува со дозвола или без.
Потенцира дека во претресот на првоосомничениот и второосомничениот се одземени електронски уреди, како и еден мобилен телефон од еден јавен обвинител, но оти се уште не е извршено вештачење на нитуи еден од нив.
Обвинителката Русковска смета дека последниот случај не треба да сго нарушува угледот на СЈО затоа што, како што вели, таму има многу добри обвинители и јавноста треба да има доверба во нив.
На прашањето за оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Русковска вели дека оставката е во лош тајминг.
-Некако мислам дека е избран лош тајминг за оставката. Сега за сега имаме некоја поврзаност на првоосомничениот со некој обвинител, но до каде е поврзаноста, дали навистина имало влијание, па во краен случај и земање пари, ние навистина како јавно обвинителство немаме докази, сега, во овој момент. Така што инволвираноста на јавен обвинител во овој случај сега не можеме да ја докажеме, вели Русковска.
Comments are closed for this post.