Се уште е прерано за било каков коментар. Кога ќе биде усвоен законот, тогаш би можела да кажам став. Вака е беспредметно, бидејќи може законот да претрпи измени“, изјави за „Фокус“ шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Премиерот, Зоран Заев, денеска на прес конференција истакна дека Владата наредната недела до Собранието ќе предложи нов закон за трансформација на СЈО, а како наследник на Катица Јанева ја предлага обвинителката Вилма Русковска.
Обвинителката Русковска сепак се согласува дека тоа што премиерот Заев ја предлага токму неа, е чест за неа, бидејќи е признание за нејзината досегашна работа.
Comments are closed for this post.