Јавната обвинителка Вилма Русковска во денешното гостување на радио Канал 77 рече дека вториот мобилен телефон на Катица Јанева не е пронајден, како и тоа дека против неа не се наредни посебни истражни мерки (ПИМ).
Од страна на ОЈО не е побарана посебна истражна мерка за Катица Јанева. Не ја следиме, а дали некој друг ја следи… Не сум се видела со Катица Јанева. Еден телефон е најден, вториот телефон се уште не е најден. Има наредба за вештачење на одземениот телефон, кое верувам дека до понеделник ќе биде завршено, рече Русковска.
Според неа и да остане мислењето на Врховен за истрагите на СЈО отворени по 18 месеци, новото обвинителство може да го почне предметот „Империја“ од почеток. Русковска смета дека случајот „Рекет“ нема да влијае на „Империја“.
Русковска рече и дека од новинарите дознала за предлог-законот за СЈО кој вчера го презентираше премиерот Зоран Заев.
Comments are closed for this post.