Oбвинителството презентираше свои материјални докази дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ги организираше протестите.Верувам дека во еден дел се точни изјавите на сведоците дека нигде нема официјален документ дека партијата ги организира протестите,изјави денеска обвинителката Вилма Русковска.
Не може да знам какво влијание ќе има сведочењето на сведоците врз судот.Кога ќе биде објавена пресудата ќе видиме како и во кој правец размислувал судот. На сите сведоци исказите се идетитични и верувам дека нема официјален документ донесен од Извршниот или Централниот комитет на партијата во кој се потврдила нивната вмешаност во организирањето на протестите-истакна Русковска.
Comments are closed for this post.