Официјална Москва го оценува како непријателски чин прогласувањето на рускиот дипломат за персона нон грата и посочува дека тоа не може да не влијае на односите меѓу С Македонија и Русија
Русија најави контрамерки за С Македонија, по протерувањето на рускиот дипломат пред неколку дена.
Руското министерство за надворешни работи, во денешната објава, го оцени прогласувањето на дипломатот за персона нон грата како непријателски чин кон дипломатската мисија во Скопје.
„На 14 мај беше преземен непријателски чин против руската дипломатска мисија во Северна Македонија. Локалните власти прогласија еден од дипломатите за персона нон грата. Ние силно ги осудуваме ваквите немотивирани активности, кои не можат а да не влијаат на односите меѓу Русија и С Македонија. Следуваат контрамерки“, стои во соопштението на руското МНР.
Comments are closed for this post.