На денешното рочиште за настаните од „27 април“ сведочеше Борислав Богдановски, поранешен заменик директор при Петтата управа на УБК. Тој беше испрашуван за неговата поврзаност со собраниските настани.
Но, јавноста беше исклучена од ова сведочење по барање на адвокатот на Владимир Атанасовски, Михајло Апостолски. Образожението беше ќе бидат презенирани доверливи информации и државни тајни кои не смеат да излезат во јавност.
На тоа се побуни обвинителката Вилма Русковска која рече дека сведокот мора да има одобрение за оддавање на државни тајни и оти не разбира зошто јавноста е исклучена.
Обвинетиот Владимир Атанасовски рече дека секој документ на УБК е доверлив и строго класифициран и оти затоа бараат изземање на јавноста.
Comments are closed for this post.