Јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска за ТВ Алфа изјави дека ќе даде шанса МВР како надлежна институција да поведе постапка лажните идентитети издадени на шефови и членови на нарко картели од регионот и пошироко за кој брифираше ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ вчера брифираше дека полициската апаратура издала патни исправи со лажен идентитет во таканаречената афера „Мафија“ за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер, кој до неодамна бил во државата, но повторно влегол и добил лична карта.
Доколку тоа не го сторат МВР и министерот Спасовски, Русковска најавува дека по допрен глас може да реагира обвинителството.
“Ќе почекаме да видиме дали МВР ќе отвори постапка па ќе одлучиме дали ќе отвориме предмет по допрен глас. Сепак треба да се даде шанса на надлежната институција”, изјави Русковска, додека од министерот Спасовски, ниту од МВР се уште нема реакција.
Comments are closed for this post.