По 25 ученици учат во 20 м2 во основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром, општина Ѓорче Петров. Родителите на учениците кои учат во ова училиште се жлат дека немаат услови да учат нормално, а бројот на запишани ученици расте. За Пресинг Тв раскажуваат дека проблемот се провлекува со години и со цел да се најде решение го повикале градоначалникот на општина Ѓорче Петров да поразговараат за проблемот со кој се соочуваат нивните деца. Разочарани се бидејќи очекувале градоначалникот Александар Наумовски да издејствува средства преку ребалансот на Буџетот средства за доизградба на простории.
Градоначалникот на средбата ги информирал дека има финансиски средства, но дека имало проблем поради нерешени имотни правни односи, но ги уверувал дека сега е средено. Но истакнал дека проблмот е заглавен кај советот на родители, кои не дале одобрение за проектот.
Загрижените родители до нашата редакција испратија видеа од вчерашната средба и велат дека градоначалникот ја напуштил откако одбил да одговори на нивните незгодни прашања.
Comments are closed for this post.