Да се почитува интегритетот на СЈО и презумцијата на невиност, побара денеска обвинителката Ленче Ристоска по новиот случај за рекет кој го отвори Основното јавно обвинителство и за кој има сомневања дека има вмешаност на обвинители на Специјалното јавно обвинителство.
Внимантелно го следиме сите случувања и сме подеднакво загрижени, но истовремено повикуваме да се почитува презумцијата на невиност. Сите ве уверувам дека дејствијата на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО и не смее да ги доведат под прашање интегритетот и постапките кои се видени досега- истакна Ристoска.
Ристевска рече дека со Јавното обвинителство за организиран криминал до сега тимот на СЈО немал официјална комуникација за истрагата, но во име на целиот тим изрази подготвеност за соработка.
„Тој кој се огрешил пред законите мора да одговара. Сите се еднакви пред Уставот и законите. Стоиме на линија да се најде одговорност и лицата да одговараат“, рече обвинителката.
Посочи дека зборува во име на сите обвинители кои присуствуваа денеска на прес-конференцијата – Гаврил Бубевски, Љубомир Лапе, Лиле Стефанова, Артан Ајро, Елизабета Јосифовска и Трајче Пеливанов, како и Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи кои се на одмор, вклучувајќи ја и целата стручна служба во СЈО.
Comments are closed for this post.