„Без патетики молам ! Најголем дел од оние кои кукаат, лелекаат, колнат, проколнуваат и плачат на тоа што никогаш не умрело, ниту пак ќе умре, можеби никогаш во животот не биле во позиција да одлучуваат за Македонија во вистинска смисла на зборот“, напиша пратеничката Фросина Ременски од СДСМ по изгласувањето на уставните измени.
Во фејсбук статусот таа додава дека суети, политиканство, квазипатриотизам, лажна скромност, кариеризам и што ли уште не, беше вткаено во ,,многуте обиди” да се затвори овој децениски спор кој како што вели однесе многу изгубени генерации.
„Со проблемот растеа и се пензионираа генерации политичари. Од реториката за него ,,профитираа” многумина, се напишаа томови историја и се дадоа тони аргументи за таа наша, пуста македонска историска обесправеност. Се одеше до Александар и отаде него, за да се покаже колку е голема оваа наша Македонија во која живееме денес. Во ,,одбраната” на ова парче земја многумината успеаја да не скараат во таа пуста битка да се докаже дека тој што ја ора нивата е помалку заслужен за плодот, од оној што го собира плодот. Но, новото време не е време на патетики“, додава Ременски.
Comments are closed for this post.