Откако Владата најави дека доставува до Собранието на Република Македонија нацрт амандмани за уставни промени, како чекор од Преспанскиот Договор, ги повикувам пратениците од сите политички партии да преземат одговорност за иднината на државата.

Договорот ги отвора вратите за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и зајакнат идентитет.

Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО ДПМНЕ се должни да ја следат мнозинската волјата на граѓаните и да обезбедат иднина.Ги повикувам пратениците кои се за НАТО и ЕУ да преземат одговорност во тоа име, во име на граѓаните кои ги избрале, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени, нагласува потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски.

Ова е шанса за сите пратеници, заеднички да обезбедат сигурна и стабилна иднина за граѓаните, за нашата заедничка татковина Република Македонија, како членка на ЕУ и НАТО.

Никој не треба да се надева или да очекува амнестија. Македонија е правна држава а расчистување на секаков вид криминал е приоритет.

Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја блокира иднината, тогаш не преостанува ништо друго освен организирање на предвремени парламентарни избори,веднаш.

Нема бегање од одговорноста, волјата на мнозинството граѓани мора да биде и ќе биде испочитувана. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО.