Пратеничката Фросина Ременски од СДСМ на својот профил на „Фејсбук“ денеска објави дека нема ништо против Обвинтелството да ја истражи нејзината улога во невладината организација на Бојан Јовановски, осомничен во случајот „Рекет“.
„Немам ништо против (Напротив!), ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е мојата почесна функција во навладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13). Стојам на располагање да им појаснам се што ги интересира, или за се што имаат дилема.
Секое ставање на моето почесно членство во невладина организација во контекст на актуелниот случај „Рекет“ е очајнички обид на „државнички поставената опозиција“ да фрли партиска боја на случајот кој треба/мора да добие разрешница, без навивање од партиски трибини и трибуни.
Со име и презиме стојам зад сите мои постапки кои се позитивни, одговорни и законити, до степен што многу често (до ден денес) пречеле на многумина“, напиша Ременски.
Comments are closed for this post.