Откако вчера беше објавена нова „бомба“ за Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, тој денеска  не сакаше да коментира но најавува судска разрешница на случајот.

Немам намера повеќе да влегувам во дневни преписки околу аферата со набавката на опремата за МНАВ-изјави Рашковски.

Премиерот Зоран Заев, пак нагласува дека  ги следи сите информации и оти ќе ја преслуша и најновата снимка.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак денеска го повикаа Јавното обвинителство треба да превземе итни и неодложни мерки за обезбедување присуство, како што е определување на мерката – притвор, со што ќе се спречи можноста Рашковски да се впушти во бегство, да го повтори делото или да влијае на сведоци, бидејќи за делото кое може да му се стави на товар е предвидена казна затвор од најмалку 5 години.