Пратеничката Даниела Рангелова потенцира дека нема да гласа во Собранието за уставните измени за ратификација на спогодбата со Грција. Вели дека партијата не си ја одиграла соодветно улогата кога е во прашање целиот процес. Ги разбира критиките од Европските народни партии, чиј што член е ВМРО-ДПМНЕ и нагласува дека изолирана партија е партија без иднина.
Јас своето право како граѓанин го остварив на денот на референдумот, гласав и заокружив „против“, а како пратеник во Собранието на Република Македонија нема да гласам за уставни измени, вели Рангелова во интервју за „Призма“.
Comments are closed for this post.