Полициски службеници го пронашле кучето што синоќа гризна нивен колега во центарот на Скопје, по што го однеле во стационарот Вардариште. Кучето немало на себе ознака дека било вакцинирано.
Тоа било причина за полицајците, откаоко го заловиле кучето, да почнат потрага по серум и вакцина антитетанус против беснило која што полицаецот морал да ја прими итно. Сепак, и на Инфективната клиника и во неколку други здравствени установи и аптеки им било кажано дека серум и антитетанус вакцина нема веќе подолго време.
Полицаецот бил искасан вчера попладне во близина на хотелот ВИП кога кучето незабележано му пришло зад грб и го нападнало без причина.
Очевидци велат дека бил нападнат само еден од повеќе присутни полицајци во цивил а нападнало само едно од вкупно петте кучиња скитници кои се движеле во група.
Comments are closed for this post.