Во Секторот за внатрешни работи од Охрид вчера било пријавено дека во месноста „Лозја“ во атарот на охридското село Рамне, биле забележани коски што наликувале на човечки остатоци.

Екипа на охридската полиција по овластување на Јавен обвинител веднаш излегла на терен и извршила увид на лице место.

Превземени се активности за расветлување на настанот, а ДНК-анализите и истрагата ќе утврдат дали навистина станува збор за остатоци од човечки труп.