Предлог на декларација по повод сто и дваесет годишнината од Илинденското Востание и Крушевската Република, е на дневниот ред на денешната 125. седница на Собранието на Република Северна Македонија. Познавачите се прашуваат дали можеби оваа Декларација е задоцнета.
Професорот Илија Велев прашува за што би служела македонската политичка декларација во Парламентот еден месец по јубилејното празнување, кога во чест на свечениот национален повод не беа финансирани какви и да се форми на достојно одбележување: централен научен собир, пригодна монографија или зборник, документарен филм, изложби и сл.
Веќе станува крајно алармантно за да се сфати: македонската историографија и македонистиката ќе бидат заштитени, развивани и меѓународно афирмирани само преку академските, научните и културните институции, на кои нема да им се загрозува автономијата во стручното работење преку политички изнасилените притисоци, влијанија или декларации. Конечно е дојдено времето во Македонија диктатот на политиката да ги тргне рацете од историографијата, науката и културата-вели професорот за „Пресинг ТВ“.
Comments are closed for this post.