Професорот Илија Велев излезе со реакција по денешниот состанок на комисијата за историја излезе со реакција. Тој коментира дека  македонските членови ја продолжиле својата „мисија“ како ништо досега да не се случило.

Ајде ако се принудени да не ги почитуваат своите колеги и македоноското национално достоинство, тогаш со кој образ и со кое достоинство македонските колеги историчари седеа до бугарските историчари овие два дена, кога од некои бугарски колеги во јавноста беа наречени ситни трговци (за „на ти ми, дај ми“) и дека во досегашната заедничка работа Тие не воделе достојни научни расправи на состаноците. Веруваме дека не побарале објаснувања, па по налог на политиката продолжиле да се дружат – за како пластелини да бидат претворани во фигури за детско играње.
Почитувани колеги, поради Вашите поранешни посветености на науката не е доцна ниту сега да се повлечете и да се вратите во институциите од каде што се зачленивте во т.н. „Комисија“, зашто само во академските и во научните институции науката, историографијата и македонистиката се достојно афирмирани и заштитени.
На Вас е да одлучите.И немојте да заборавите дека Ве потсетивме!