Професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Симона Груевска се огласи за писмото на албанските интелектуалци до Уставниот суд за Законот за употребата на јазиците.
– Прво, Македонците во Македонија не се етничка заедница, па Албанците да бидат втора, како што пишале во писмото албанските интелектуалци. Македонците се државотворен народ.
Второ, Охридскиот рамковен договор е целосно имплементиран во Уставот уште во 2001 година. Сѐ што е донесено подоцна, вклучително и Законот за употребата на јазиците („во духот на Охридскиот рамковен договор”), е надвор од него.
Трето, мислењето на Венецијанската комисија, како советодавно тело на Советот на Европа, мора да се почитува, ако сакаме да бидеме европска држава.
Четврто, не може јазик што не го разбираат 75 проценти од населението во Македонија да биде на исто рамниште со македонскиот. Невозможно е и државните институции ќе се блокираат.
Comments are closed for this post.