Кадровската политика во здравството е на лошо ниво и е катастрофална, а современата кадровска политика заедно со инфраструктурата се фундаментални елементи за здравството да биде ефективно и ефикасно.Може да имате најсовремени дијагностички апарати, прекрасно опремени операциони сали, меѓутоа ако нема кој да работи таму не можете да ја пружите ефективно здравствената заштита.
Сведоци сме на лоши кадровски решенија поради партиски вработувања.Не треба партиската определеност да биде примарна при вработувањата.Политичката и национална припадност не треба да биде примарна при вработувањето на здравствените работници.Квалитетот е најважен при вработувањата и таа пракса треба конечно да се промени, ги набројува проблемите во здравството проф.д-р Ирена Алексиоска Папастиев.
Таа во интервјуто за „Република“ нагласува дека клиентелистичката политика што се води доведе до еден колабиран здравствен систем бидејќи имаме погрешна диспрезираност на здравствените работници во здравствените институции.
Непланраното распределување на специјализации доведе до недостаток на одредени специјазалности кај нас како што се педијатри, анестезиолози, инфектолози.Сите тие се во страшен дефицит.Фрапирана сум од податокот дека ќе останат само 15 матични педијатри до крајот на годината.А сите знаеме што значи кога ќе се разболи едно дете.Во здравството тимот мора да е целосен.Медицинскиот среден персонал е болна точка во здравството.Медицински сестри фалат онолку колку што се сега вработени.Една сестра сега работи за две сестри.Тие лоши услови и тоа што тие се оптоварени со работа ги тера да даваат отказ или да одат во странство.Слично е и со младите лекари.Сон на голем дел од студентите е да продолжи со кариерата во странство.Од 220 дипомирани студенти 180 бараат од лекарската комора бараат лиценца за работа во странство.Тоа е седумдест посто од младите кадри а тие се нашата иднина.Ако не направиме да го стопираме овој одлив на млад кадар тоа значи дека иднината не ни е светла.Затоа мора да имаме национална стратегија со која што ќе најдеме начин да ги задржиме дома.
Папастиев нагласува дека покрај кадровската политика особено важна е инфраструктурата.
Инфраструктурата е во многу лоша состојба.Клинички центар се ветуваше а веќе имавме готов проект со одобрени средства од Светска банка.Тој беше прекрасно замислен.На местото на старата гинекологија се планираше да се изгради тој современ центар кој со топли ходници ќе беше поврзан со хируршките клиники кои исто така требаше да бидат реновирани.Имаше планирано и две катни гаражи и да немаше сообраќај во самиот Клинички центар туку пациентите да се движат низ покриени ходници.Штета што не се реализира и сега плаќаме пенали.
За докторката особени се важни протоколите за здравствена заштита
Следењето на протоколите ги заштитува и здравствените работници и пациентите.Ако не ги следите протоколите може да има катастрофални последици.Таков случај имавме со „Онкологија“.Тоа е една болна тема.Не можам ни да замислам колку им било тешко кај пациентите на кои им била дијогнастицирана најтешката болест и во тој момент се лечеле на клиниката за онкологија.Но, верувајте на здравствен работник кој си ја работи својата работа чесно а им е впререн прстот и сите се ставени во ист кош.Јас не сум ниту судија ниту обвинител и не можам да судам и да обвинувам никого-тоа ќе го оставам на надлежните но мора да има одговорност.
Д-р Папестиев потсетува дека позитивната листа на лекови не е ревидирана повеќе од десет години.
Со оглед на напредокот на медицината и на фармацијата мора листата да биде проверена,ажурирана и ревидирана.Имаме денеска современи лекови кои треба да бидат на позитивна листа на терет на Фондот за здравство. Голем дел од лековите не се достапни.Има незадоволство кај пациенти со хронични болести кои се плашат дали ќе имаат својата терапија.45.000 дијабетичари беа во агонија дали ќе имаат инсулин.Или оние со ретки болести со лектот „Трикафта“ од кој има обезбедено само за 15 а има 140 пациенти.Кај нас на позитивната листа има застарени лекови.Оние со хепатит бе се обидуваат да добијат понов лек на рецепт.
Докторката констатира дека македонското здравство за жал е на колена.
Здравството е во колапс, без сериозни анализи.Пациентите лутаат низ лавиринтите.Чекаат дијагностички процедури со денови и месеци.Има листа за чекање за оперативни третмани, а подоцна ги чекаат и патолозите за резултатите уште неколку месеци а пациентот треба да биде во преден план.Реформи се потребни веднаш врз база на соодветни анализи кои што се базираат врз потребите на пациентите во согласност со современи протоколи.Мора да ги решиме проблемите во здравствениот систем.Тие реформи нема да бидат лесни брзи но мора да вложуваме во квалитетен кадар за да имаме современо здравство затоа што никој не знае ќе биде во улога на пациент.
Comments are closed for this post.