Тетовската полиција приведе две лица од Дебар откако во возилото со кое се превезувале се откриени 20-тина килограми марихуана.
Попладнево, околу 17 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници запреле патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки во кое се превезувале две лица. Возилото го управувал 21-годишник, а како совозач бил 27-годишник, двајцата од Дебар. При нивен и преглед на возилото биле пронајдени 20-тина килограми марихуана. Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Возилото е одземено за вештачење, додека увидните активности се уште се во тек.
Comments are closed for this post.