Мајката на Пинета Секондо Маја Трпковска е приведена попладнево заедно со уште две лица. Од полицијата велат дека се приведени поради тоа што го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници.
Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ три лица Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.
По Пино Секондо се трагаше од декември лани, кога исчезна, а неговиот скелет беше пронајден на крајот на април годинава во селото Љуботен.
Comments are closed for this post.