Во јавноста се појавија информации дека бизнисменот Орце Камчев денеска е приведен како дел од новата истрага „Империја” што ја спроведува СЈО.
Од компанијата пак велат дека информациите за приведувањето се само шпекулации.
СЈО со соопштението што предамалку го лиферуваше наведува дека во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.
Во текот на денешниот ден од страна на ова Јавно обвинителство, во соработка со МВР, беа извршени 12 претреси и лишени се од слобода пет осомничени лица, кои во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и за кои ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство.
Comments are closed for this post.