Жалбата за одредената мерка притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, што му беше одредена за предметот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство се наоѓа пред Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.
Триесетдневниот притвор на Мијалков му беше одреден во неделата, кога истовремено му беше укината истата мерка одредена за предметот „Таргет-Тврдина“.
Претходно, за „Империја“, триесетдневен притвор добија и Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Цветан Панделевски и Тодор Мирчевски.
Comments are closed for this post.