Откако адвокатите и обвинетите во случајот „Титаник“ денеска побараа судењето да прекине, бидејќи шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во притвор, судијата Осман Шабани го одложи рочиштето.
Одбраната образложи дека останатите обвинители не се надлежни да ги водат судењата, односно дека единствената која е надлежна е Јанева, а таа е во притвор. Па така истакнаа дека обвинителката Лиле Стефанова не може повеќе да го застапува предметот.
Обвинителката Стефанова истакна дека таа се уште има овластување, но и таа побара одложување на рочиштето за да може да се произнесе.
Беа изнесени сериозни околности од одбранат и побараа одлагање на денешното рочиште. Како јавен обвинител сметам дека моите овластувања се уште се важечки иако е факт дека Катица Јанева е во притвор. Сепак, барам да се одложи денешната расправа и на следната расправа ќе се произнесам по наведените ставки за прекинување на постапката, рече обвинителката.
Наредното рочиште е закажано за 4 септември.
Comments are closed for this post.