Главна преокупација се учебниците и сакаме да ги надминеме тие забелешки за средниот век за да можеме да дојдеме многу понапред, изјави Драги Ѓоргеив, копретседател на мешовитата македонско-бугарска комисија, во вчерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
Нема сериозни поместувања во дебатата околу Гоце Делчев, ниту пак има сериозни дискусии околу тоа. Ние веќе рековме дека оваа Комисија не е Комисија која што треба да го реши идентитетот на Гоце Делчев. Апсолутно не е работа на комисијата во својот текст да истакне некакво свое видување за идентитетот на Гоце Делчев. И тоа нема ниту да се случи, бидејќи ако ние го славиме Гоце Делчев, тогаш славењето на таа личност треба да биде на други основи и на други вредности, а не дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин“, рече Ѓоргиев.
Comments are closed for this post.