Скендер Реџепи како што дознава ТВ21 го прифаќа предизвикот на Никола Мицевски.

Како што дознаваме, во седиштето на Алтернатива се разговарало за поканата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму прозилегува како можна опција уривањето на владата.

Зајди синоќа како гостин во Клик Плус на ТВ21 изјави дека не потпишува недоверба на Влада заедно со Левица!

Денеска, пак, играта ја смени ВМРО-ДПМНЕ, која на Зејд му дава 19 потписи за нова иницијатива за рушење на владата на СДСМ-ДУИ!

Доволни се 20 пратеници за да поднесат предлог за гласање недоверба на Влада, а владата паѓа со 61 пратеник!

Мицевски пред неколку часа јавно го предизвика Скендер Реџепи, наредувајќи му да „не наоѓа изговори“ од типот „не зошто тој, не зошто ова