Миле Јанакиески на јавната седница во Апелација направи споредба со случаите „ТНТ“ и “Топлик“. Тој посочи дека има премногу сличности во овие пресуди, кои како да се пишувани од ист човек.
-Замислете дека оваа пресуда ја пишувал истиот човек, кој ја пишувал и пресудата за „Топлик“, зашто три пасуси во целост се преземени од пресудата за „Топлик“ и тоа за наговото економско вештачење прикажува дека е вграден бетон до фазата до која беше изграден Космос за повеќе пати отколку што било потребно за изградба на целиот објект. Но, замислете, доказите врз база на кое е правено вештачењето биле дадени на рака од Фијат Цановски, па тие докази иако одбраната ги бараше во целост не беа доставени ниту до судот ниту до обвинителството, а ниту вие ги имате-објасни Јанакиески пред Судот.
Comments are closed for this post.