Премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница имнформира дека ја пријавил заканата, која во порака на социјалните мрежи била напишана во коментар по пресот со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Додаде дека се знае идентитетот на човекот, кој коментирал, а случајот е пријавен во МВР и како што рече ако законот утврди одговорност тој треба да си ја сноси.
Има секаков вид на појави меѓу луѓето, некогаш се случуваат меѓу членови на нашите најголеми политичи партии, но и меѓу помалите, некогаш меѓу граѓани кои немаат партиска припадност. Мојата ќерка пред еден час ми испрати пораката од коментар на прес-конференција со Хан која гласи „само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне. И сега тука не завршува животот, што да правиме има секакви луѓе, рече Ззев ќитајќи ја пораката од неговиот мобилен телефон од собраниската говорница.
Тој ова го кажа одговарајќи на пратенички прашања поставени од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласковска, кои меѓу другото се однесуваа на четири случаи на мобинг.
Напомена дека случаите кои ги изнела пратеничката ќе бидат проверени и додаде дека најмалку со една третина од институциите се уште раководат истите кадри од ВМРО-ДПМНЕ.
Проверете во внатрешноста, некаде нема луѓе да поставиме, нема соодветни кандидати, додаде тој.
Ласковска истакна дека во државата не смее да се дозволи да има партиски реваншизам, особено не во случаи на ранливи категории на граѓани, нагласувајќи дека во еден од случаите станува збор за прераспределување на друго работно место на самохрана мајка.
Comments are closed for this post.