Вечерва на булеварот Видое Смилевски Бато во населбата Ново Лисиче е прегазен човек на околу 50 години, пренесува Канал 5.
Според информациите кои телевизијата ги потврдиле од полицијата , прегазен е средовечен маж , кој им подлегнал на повредите. Тој возел велосипед , кога на него налетала Шкода Октавија.
Во 20,23 часoт во СВР Скопје пријавeno e дека на бул.В.С.Бато во близина на Стопанска банка е случена сообраќајна незгода во која автомобил „ Шкода Октавија“ со германски табличкии, управувано од М.Ц. (49) удрило во пешак.
Станува збор за машко лице на возраст од околу 50 год..По доаѓање на итната медицинска помош констатирана е смрт кај велосипедистот. Телото е пренесено на обдукција .
Comments are closed for this post.