Ќе ја менува ли обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, содржината на обвиненијата за двата предмета поврзани со настаните од 27 април 2017 година? И кое од нив-дали тоа за насилството или тоа за „организаторите“?
Овие прашања се наметнаа по вчерашните завршни зборови на адвокатот Еленко Миланов, заедничкиот бранител на Спире Ристовски, Миле Јанакиевски и Трајко Вељановски.
Миланов во своето излагање, всушност, ја изнесе на виделина круцијалната забелешка дека и според Законот за амнестија, што Собранието го донесе токму за овие настани, и според Европската конвенција за заштита на човековите права, и според воспоставената пракса на Судот за човекови права во Стразбур, вториот предмет, овој за т.н. „организатори“ не требало воопшто ни да биде покренат! И за сите овие сегменти даде свое видување и притоа потенцираше дека „имаме небулозен Закон за кривична постапка“.
Но, Миланов не пропушти да потенцира:
Моите штитеници Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Трајко Вељановски не сакаат затворање на овој предмет по Законот за амнестија, туку завршување со одбивателна пресуда, според членот 402 точка 6 од ЗКП, затоа што имаат чиста совест.
Според Законот за амнестија, постоеја исклучоци за кои неговите одредби нема да се однесуваат и тука, во прв ред, стануваше збор за лица со посебни службени овластувања, а за Миланов такви овластувања немале ни Ристовски, ни Јанакиески, ни Вељановски. Ристовски во моментот бил заменик-министер за образование, Јанакиески обичен граѓанин, а Вељановски претседавач, но не претседател на Собранието.
Во првото судење за настаните од „27 април“ како организатори на протестите обвинителството ги товареше, а потоа ги амнестираше Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски, а судот го ослободи Игор Дурловски. Со суштинската промена на обвинението сега обвинителството за истото дело, што ќе рече за ист настан, се товарат Ристовски и Јанакиески, а првите стануваат само формални водачи.
И Европската конвенција за човекови права и досегашната пракса на Судот за човекови права во Стразбур јасно кажуваат дека за ист настан не може да има различен тертман на различни лица, нагласи адвокатот Миланов.
Апсолутно нормално е за очекување дека сите досега осудени и ослободени, а евентуално и тие што ќе бидат, ако бидат осудени, еден ден ќе стигнат до Судот во Стразбур. И таму државата ќе се најде во непријатна ситуација, ако некој воопшто води сметка за тоа и целта е само политичка пресметка со неистомислениците. Зашто, не постои начин на Судот да му се објасни дека за еден ист настан може да има две групи со вкупно седуммина различни организатори!
Што се однесува до вербалните и физичките „докази“, што ги приложи обвинителството, одбраната и обвинетите целосно ги демаскираа и тука нема никакви дилеми, иако останувааат уште завршните зборови на Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски.
Меѓутоа, посебно внимание предизвикува фактот дека ова е втор предмет во кој отворено и со факти се укажува на можност од злоупотреба на форензички софтвер, што го користи МВР. Негови ексел датотеки, имено, овозможуваат рачна интервенција со кои може да се фабрикуваат и непостоечки електронски комуникации и нивна содржина!!!
Comments are closed for this post.