Сега е моментот на одговорност и делување, зошто не се знае дали некогаш воопшто ќе ја имаме оваа шанса. Комисија за уставни прашања ги поддржа уставните амандмани , следен чекор е пратениците да ја донесат сопствената одлука и со тоа да бидат запишани како учесници на донесувањето на најважната одлука за државата и воедно за граѓаните, изјави денеска пратеничката од СДСМ, Јулијана Николова.
И таа како и нејзините сопартијци во изминатите денови ги повика колегите од ВМРО-ДПМНЕ ги поддржат уставните амандмани со што како што истакна, ќе ја обезбедат евроатланската иднина на нашата држава.
Се докажа дека со нив не се губи ништо туку напротив, се гарантира идентитетот, неповредливоста на нашите граници и се зацврстува историскиот континуитет на државноста. Како пратеници имаме должност и одговорност за донесувањето на оваа сериозна одлука. Никој нека не се надева на амнестија. Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму тврдоглаво ја турка Македонија во бездна, решението се предврмени избори, веднаш, порача Николова.
Comments are closed for this post.