Пратеничката Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ на „Фејсбук“ се пофали дека се сретнала со „Олександар Турчинов, спикер на Врховната рада, кој воедно ја извршува првивремено и функцијата Претседател на Украина, во рамките на студиската посета за демократски развој на шведскиот Ригсдаг“.
Арно ама, самиот функционер под фотографијата ја подучи „драгата Снежана“ дека ниту е Олександар, ниту претседател на Украина.
Драга Снежана. Ми беше мило што се запознавме. Но, моето име е Руслан Стефанчук. Јас сум Спикер во украинскиот Парламент. Претседател на Украина е Володимир Зеленски.
Пратеничката не ја избриша фотографијата, туку само го измени описот, но не доволно брзо за нејзината грешка да не биде забележана и од самиот Стефанчук и од многу други Украинци и Македонци.
За пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски овој „бисер“ не е само лично резилење на пратеничката, туку и девалвирање на македонското Собрание во целина.
Од дипломатските активности на пратениците на СДСМ издвојуваме уште еден „бисер“ кој докажува дека нивното про-форма фотографирање за време на патувањата во странство нема политичка содржина, ниту реална корист за Македонија. Напротив. Да не му го знаеш ниту името, ниту функцијата на оној со кого се фалиш дека ти е пријател и со кого имаш блиц фотографија не е само лично бламирање, туку и девалвирање на македонското Собрание во целина. Во случајов ваквата површност е и понижувачка за Претседателот на парламентот на Украина, реагира Милошоски.
Comments are closed for this post.