Според неофицијални податоци поскапуваат автобуските билети во меѓуградскиот превоз. По дознавањето на оваа информација компаниите веќе веднаш започнаа да се правдаат дека поскапувањето се должи на растот на цената на нафтените деривати, пишува Алсат.
Реакцијата на дел од граѓаните е дека со зголемувањето на цените на билетите, веќе не се исплаќа да се возат со автобус, туку ќе се возат со автомобил. Додека пак еколошките организации, велат дека со зголемувањето на загадувањето на воздухот, граѓаните треба да се стимулираат да користат јавен превоз, а не да се одвраќаат со зголемување на цените.
Во текот на зимата кога загадувањето се зголемува Владата треба да се погрижи трошоците за јавен превоз да не се зголемуваат, бидејќи со тоа не ги охрабрува граѓаните да користат јавен превоз. Најголемиот дел од автомобилите во Македонија се стари и не ги исполнуваат еколошките стандарди, па затоа Владата треба да биде многу внимателна со зголемувањето на цените на билетите во јавниот превоз. Владата треба да размисли за субвенционирање на јавниот превоз за да ги задржи трошоците на исто ниво“, велат од Еко Герила – Еколошка организација.
Ако се покачат цените на билетите, негативно ќе влијае на граѓаните бидејќи едно лице од помалите градови ако работи во Скопје, ќе мора да даде речиси половина од својата плата само за патни трошоци.
Comments are closed for this post.