Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинене против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Осомничениот на најгорниот кат од својот дом во Козле неовластено произведувал, преработувал и заради продажба држел наркотична дрога – марихуана. Притоа тој направил импровизирана лабораторија со 52 растенија од типот Cannabis, импровизирана сушилница од картонски кутии каде го сушел растението, а потоа го дробел и пакувал за продажба и вршел екстракција на масло од марихуана.
При претрес на домот на осомничениот била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1.324,43 грама, спакувана во повеќе различни тегли и пакувања, хашиш масло со вкупен волумен од 27 милилитри во 54 капсули, хашиш смола со вкупен волумен од 30,7 милилитри во 11 пластични шприцеви, како и дигитална вага, вентилатори, термометри, инструменти за мерење влажност, екстрактор и други апарати кои ги користел во импровизираната лабораторија.
Со решение на судијата на претходна постапка при Кривичниот суд на лицето му е определена мерка куќен притвор, па ценејќи дека се уште постојат законските основи за обезбедување на негово присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на мерката куќен притвор.
Comments are closed for this post.